ИСТОРИЈАТ
,,АФ ПЛЕТЕНКА’’ Асоцијацијата за фолклор ,,Плетенка,, -Битола е формирана 2001 година од група ентузијасти кои по распаѓањето на културно уметничкото друштво при Универзитетот Св,,Климент Охридски -Битола,, ја формираат Асоцијацијата за фолклор ,,Плетенка,,- Битола.
Основачи на АФ,,Плетенка,,-Битола се: -Граф. инг. Златко Стојчевски -Проф. др. Душан Ристевски -Биотех. инг. Анета Стојчевска -Пеце Саздовски -Наташа Каранфиловска и 183 членови кои на денот на оформувањето потпишаа пристапници за членство.
Повеќе
Асоцијацијата за фолклор ,, Плетенка,,- Битола формирана е со цел да се изучува, негува и презентира македонскиот фолклор и култура во земјата и во странство. Главна цел е запознавање на помладите генерации за нашата традиција,нашите корени ,нашиот ентитет затоа што тоа е базата која го сочинува и карактеризира еден народ. Во нашето Културно уметничко друштво работаат три секции: фолклорна,пејачка и музичка. Со секциите работаат кореорграфи,корепетитори и уметнички раководители.Најбројна е фолклорната секција која работи во 4(четири) старосни групи: -Мали пионери........(од 6 до 9 години) -Големи пионери.....(од 10 до 12 години) -Младинци ..............(од 13 до 16 години) -Сениори .................(над 16 години).  
Повеќе
Работиме во просториите на МЗ,,Коле Лачето,, која се наоѓа во централното градско подрачје т.e.објектот познат како ,,Трета реонска,,.  
AF PLETENKA.All rights reserved. Designed by Krmarovski